Филипче: Продолжува имплементацијата на Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај децата

Од:

На денешната манифестација „Здрави заби, блескава насмевка“, што се одржа во ОУ „Петар Поп Аросов“, министерот за здравство Венко Филипче посочи дека анализата од десетгодишната Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст покажала одлични резултати и дека поради таа причина, слична Стратегија ќе биде имплементирана и во наредните десет години.

На манифестацијата беше наведено дека резултатите од анализата на Стратегијата, со која беа опфатени 93 отсто од децата до 14-годишна возраст во Република Македонија, покажале дека просекот на бројот на кариозни заби кај таа група во 2007 година, кога е започната Стратегијата, изнесувал 6,8, додека во 2017 година, при завршувањето на Стратегијата тој просек изнесувал 1,9.

– Заклучно со 2017 година заврши имплементацијата на 10-годишната Стратегија за унапредување на оралното здравје што покажа одлични резултати, кои ги промовиравме како во регионот, така и во останатите европски земји. Секако врз основа на тие резултати изработивме и нова Стратегија што ќе продолжи да се имплементира од оваа година во следните 10 години, истакна Филипче.

Тој посочи дека Министерството за здравство спроведувањето на Стратегијата го извршува во координација со Стоматолошкиот факултет и Стоматолошката комора, како и сите превентивни тимови кои работат во Здравствените домови во Македонија.

– Се надевам дека и со следната 10-годишна Стратегија ќе добиеме одлични резултати и уште повеќе ќе го унапредиме оралното здравје во Република Македонија. Кариесот остана еден од позначителните проблеми, посебно на детска возраст, поради тоа во новата Стратегија на таа проблематика ставаме посебен акцент, нагласи министерот за здравство.

На манифестацијата д-р Весна Јовановска објасни на кој начин децата во основните училишта се едуцираат во однос на оралното здравје, а дел од учениците од ОУ „Петар Поп Арсов“ одржаа претстава со моќна порака за грижата за оралното здравје.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска