Филипче прими нова донација, американската држава Вермонт ни помага со 400.000 долари

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со висока делегација од американската сојузна држава Вермонт, предводена од заменик-гувернерката Моли Греј и командантот на Националната гарда, генерал-мајор Грегори Најт, што престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата присуствуваше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

На состанокот, министерот Филипче со заменик-гувернерката Греј, говореа за иницијатива за започнување соработка со Универзитетот „Вермонт“ во областа на медицината. Министерот, предложи да се обезбеди програма за едукација на нашите студенти од последна година на Медицински факултет на реномираниот Универзитет „Вермонт“ во САД. Во насока на едукацијата, студентите би можеле да следат настава, а воедно и стручни лица од Универзитетот да доаѓаат во нашата држава и да реализираат обука на наши лекари и медицински лица, соопшти Министерството за здравство.

Филипче ја поздрави големата поддршка и заложба на САД што нашата земја ја добива од почетокот на ковид пандемијата. Како што истакна министерот, без таа поддршка невозможно ќе беше да успееме да управуваме со здравствената криза на начин на кој го сторивме тоа.

Во рамки на бројните донации, како поддршка за справување со ковид пандемијата, САД на Македонија денеска ѝ донираше 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација, за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар