Филипче: Преземаме активности за приближување на услугата на матичните лекари до пациентите во руралните средини

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска одржа состанок со претставниците на Лекарската Комора, д-р Калина Гривчева Старделова и на Здружението на приватните лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова како и со координаторите на региони на ЗПЛРМ од градовите низ целата држава, информира Министерството за здравство.

На средбата се дискутираа повеќе различни прашања со цел подобрување на работата на матичните лекари, зголемување на функционалноста и унапредување на условите за работа на матичните лекари. Целта е да преку размена на информации се придонесе кон реализација на квалитетни решенија. Во периодот што следува ќе се преземат потребните активности за приближување на услугата на матичните лекари према пациентите во руралните средини со што ќе се обезбеди пристап кон квалитетна здравствената заштита за сите граѓани, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска