Филипче потврди дека во земјава има двегодишно дете заболено од Ковид-19

Од:

Најмладиот пациент заболен од коронавирус во земјава е двогодишно дете од Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче по вчерашниот објавен извештај на Институтот за јавно здравје во кој пишуваше дека најмладиот пациент има 2 години, а најстариот 91 година.

Министерот за здравство рече дека позитивни на коронавирусот се и неговите родители, но оти сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

„Ова семејство било заболено како резултат на локална трансмисија“, рече Филипче.

Во однос на тоа со кои други приватни установи ќе биде склучен договор со Фондот за здравство за тестирање за коронавирусот, министерот рече дека денеска раководителката на лабараторијата при ИЈЗ воспоставила контакст со сите лабаратории кои имаат контакт да прават тестирање и имаат соодветна опрема и механизам за изработка.

– Откако ќе се утврди дека со соодветна начин на технологија се изработуваат тестовите односно дека се резултатите валидни, со цел да се зголеми капацитетот за теститирање ќе се склучат договори со сите со кои ќе се утврди дека е согласно сите протоколи на работа, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски