Филипче: Посветени сме на реформите во здравството, Германија останува наш стратешки партнер

Од:

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска во Берлин оствари билатерална средба со федералниот министер за здравство на Сојузна Република Германија, Јенс Шпан.

На средбата стана збор за можноста за потпишување Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Германија и продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области.

Филипче се заблагодари за досегашната одлична соработка со повеќе здравствени установи од Германија, а воедно изрази задоволство од соработката на поле на размена на медицински кадар и едукациии од експерти, кои ќе продолжат да доаѓаат во нашата земја и да го обучуваат нашиот кадар. Истовремено, министерот истакна дека остануваме посветени на реформите во здравството, а Сојузна Република Германија и натаму е наш стратешки партнер.

Министерот Шпан ја поздрави средбата и напредокот на Македонија кон евроинтегративните процеси. Тој изрази уверување дека ќе продолжи соработката во областа на здравството, со проширување на можностите за инвестирање, развој на медицински туризам и размена на кадри.

Би можело да ве интересира

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он