Филипче: Планирана е набавка на осум мамографи за повеќе ЈЗУ, меѓу кои и кумановската болница

Од:

Министерството за здравство, Венко Филипче планира да набави осум мамографи кои ќе бидат распределени во неколку јавни здравствени институции ширум државата, меѓу кои и Општата болница во Куманово, информираше денеска ресорниот министер Филипче, по посетата на таа јавна здравствена установа, која доби донација апарат за рана дијагностика за оштетувања на слухот за новороденчиња.

„Веќе до крајот на оваа недела ќе започне постапката, така што колку ќе траат временските рокови, верувам дека за период од два до три месеци, апаратот ќе стигне во Кумановската болница“, рече Филипче.

Мамографот во Општата болница во Куманово поради дотраеност престана да функционира во октомври 2017 година и беше донација. Со него од 1996 година им беа извршувани прегледи на пациентки од Куманово и регионот. Поради дефект на стариот мамограф, пациентките се упатуваа на прегледи во јавните и приватните здравствени установи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски