Филипче – Пенков: Размена на искуства, едукации и странски експертизи во областа на гинекологијата

Од:

Продлабочување и унапредување на соработката со бугарското Министерство за здравство во делот на разменување искуства, знаења, едукации и странски експертизи, била целта на денешната работна средба меѓу министерот за здравство Венко Филипче и бугарскиот заменик-министер за здравство Бојко Пенков.

Министерството за здравство на својата веб страница објави дека Филипче на средбата истакнал дека многу ја цени поддршката за унапредување на условите и работата во областа на гинекологија и акушерство, неонатологија и педијатрија.

Билатералната соработка меѓу двете земји, како што се посочува, ќе се развива во делот на посета на лекари и користење на нивната експертиза за обука на кадарот во јавните здравствени установи во Република Македонија. Бенефитите од овие обуки ќе се користат во делот за намалување на новороденечката смртност и зајакнување на капацитетите во македонскиот здравствен систем, информираат од Министерството за здравство.

По средбата Филипче и Пенков ги посетиле универзитетските клиники за гинекологија и акушерство и за детски болести, каде било договорено експерти од Софија да дојдат во посета и да работат со македонските лекари на Клиниката за гинекологија и акушерство, со цел итно намалување на смртноста на новороденчињата.

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска