Филипче: Оваа година за првпат воведуваме две нови вакцини – вакцина против Рота вирус и Пневмококна вакцина

Од:

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска се обрати на работилницата посветена на „Перспективите и предизвиците во Имунизацијата“, во организација на Светската здравствена организација и семејна медицина.

Во своето обраќање, министерот Филипче потенцираше дека имунизацијата е единствената мерка која не заштитува од заразни заболувања. Нашата заложба за одржување силен колективен имунитет е јасна и недвосмислена.

„Еден од главните приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, кои се причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст. Новиот календар е комплетно усогласен со препораките на СЗО, во областа на имунизацијата“, потенцираше министерот Филипче.

Вакцините се произведуваат во опкружување и процес кој подлежи под многу контроли. Вакцинацијата е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје и токму затоа активностите за промоција на имунизацијата продолжуваат во континуитет.

Со континуирана промоција и едукација се опфатени здравствени работници и родители, со цел и во иднина да се зголемува опфатот со сите вакцини и да не дозволиме појава на заразни болести и епидемии во државата. Во таа смисла, потенцирана е потребата секој здравствен работник да го провери својот вакцинален статус и доколку нема комплена вакцинација тоа може да го направи во центрите за јавно здравје. Вакцинацијата е значајна здравствена, социјална и економска придобивка.

Родителите ги послушаа препораките на Министерството за здравство и ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина.

„Според последните податоци од Институтот за јавно здравје вкупниот број на вакцинирани деца на возраст до 14 години од почетокот на епидемијата со морбили изнесува 27.248. Од нив, 14.541 дете е вакцинирано во Скопје, додека пак 12,707 деца се вакцинирани во останатиот дел од државата.

Инаку, вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти и според епидемиолозите ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години. Никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак некој со своја волја има право да го загрозува правото детето да биде здраво“, истакна министерот Филипче.

Министерот Филипче посочи дека вакцините кои ги користиме во нашата држава се произведени во земјите членки на ЕУ, со два сертификати за квалитет: од производителот и од контролна лабораторија. Но, исто така одобрени се и од Светската здравствена организација.

„Апелирам до родителите да ги вакцинираат своите деца, затоа што само така ги штитиме и спречуваме епидемии од заразни болести. Од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници.

Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата. Сите деца кои се невакцинирани за да се заштитат од можни компликации треба веднаш да се вакцинираат. Високиот опфат на вакцинација на соодветна возраст, создава колективен имунитет“, рече министеерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска