Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Од:

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.

– Денес, по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, вистината е болна, но мора јасно и недвосмислено да се каже: Македонија не е горда – Македонија е понижена. Понижени се работниците, понижени се земјоделците, понижени се младите кои се надеваат на својата иднина дома. Една година беше повеќе од доволно време да видиме дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага. И денес, една година подоцна, граѓаните тоа јасно го гледаат и го зборуваат, рече Филипче.

Тој истакна дека низ директни средби со граѓани, најчестото нешто што го слушал е дека достоинствен живот не постои без достоинствени плати, без перспектива за младите и без правен систем кој важи за сите – освен за власта.

– Вистината е болна. А вистината е дека добивме Влада иста каква што граѓаните со револуција ја сменија. Влада која работи за себе и за оние околу себе, а граѓаните ги остава сами. Влада која манипулира и ги лаже дека живеат добро, додека реалноста е тешка и неподнослива, посочи Филипче.

Тој додаде дека денешната власт демонстрира бесчувствителност, ароганција и тотално отуѓување од потребите на луѓето.

Лидерот на СДСМ истакна дека Македонија се соочува со економска криза каква што не е видена со децении.

-Живеачката станува неподнослива, а граѓаните се оставени сами пред ударот на енормните цени, падот на куповната моќ и луксузот на функционерите, рече Филипче и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја втурнале државата во економска криза, го закочиле растот на платите и ги оставиле трговците и моќниците да прават што сакаат со цените. -Парното поскапе, цената на струјата дивее. Граѓаните се плашат да ги отворат сметките за да проверат колку треба да платат секој месец, рече Филипче.

Тој додаде дека и покрај секојдневното уверување од страна на власта дека економијата расте, бројките покажуваат поинаква слика.

– Секојдневно нè убедуваат дека имаме силен економски раст, но реалните бројки се брутални. Инфлацијата е речиси 4,5 отсто, а растот скромни 2,6 отсто. Прв пат имаме негативен економски резултат, полош и од воената 2001 година. Граѓаните живеат на раб на достоинство, додека функционерите на Мицкоски и тој самиот се расфрлаат со луксуз – приватни авиони, скапа храна и хотели од соништата, посочи Филипче.

Тој нагласи дека македонскиот народ никогаш не барал лесен живот, но барал чесен однос и вистина.

-Македонскиот народ никогаш не живеел лесно. Сме се бореле со сиромаштијата низ годините, сме се бореле за опстанок. Но, она што сега најмногу боли е леснотијата со која Владата нè убедува дека се живее добро. Дека живееме во земја „економски тигар“ која е четврта во Европа. Дека платите се добри и куповната моќ е голема, поголема од европските земји. Но, реалноста е сосема друга. Платите се најниски во Европа и по седум години престанаа да растат. Животниот стандард е најлош во Европа. Ова не го тврди СДСМ – ова се погубни статистички податоци од најреномираните европски институции, истакна Филипче.

Според Филипче Македонија не само што е економски осиромашена, туку и сериозно небезбедна.

-По однос на безбедноста, јасно му е на секој граѓанин на оваа држава дали е сега подобро или не. За една година од оваа власт ни се случи најголемата трагедија во модерната историја на Македонија. Трагедија која можела да биде спречена доколку полицијата редовно и чесно си ја вршела работата, рече Филипче.

Според него МВР е целосно партизирано и нефункционално, додека криминалитетот експлодира.

-За жал, полицијата денес, по една година, е претворена во партиска војска на Мицкоски и неговата партија. Општиот криминалитет е зголемен речиси за половина – и тоа според нивните статистики. Секојдневно гледаме убиства, пукања, трагични сообраќајни незгоди. Безбедноста на граѓаните е загрозена како никогаш досега, посочи Филипче.

Филипче се осврна и на јавната администрација, при што рече дека партизацијата на институциите е официјализирана, а партиската книшка е главна квалификација за работа во државата.

– Нивните функционери отворено кажуваат дека вработувањата во болниците и секаде на друго место се само по партиска заслуга. Тоа го кажуваат гордо, без срам – како да е нормално, посочи Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време