Филипче: Останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани

Од:

Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Како институција, пишува Филипче, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде пациентите сѐ на прво место.

-Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници. Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!, напиша на ФБ ВенкоФилипче кој и во новата влада ќе ја извршува функцијата министер за здравство.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска