Филипче: Од утре функционира микробиолошката лабораторија во болницата „8 Септември“

Од:

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Градската општа болница „8 Септември“ Христиан Костов, денеска ја промовираа микробиолошката лабораторија, која од утре ќе биде пуштена во употреба и достапна за македонските осигуреници.

„Од утре ќе биде во функција новата микробиолошка лабораторија, со што ќе може да се употребува за анализа на податоци. Дел по дел се зајакнува како инфраструктурата, така и функционалноста на институцијата. За следната година планираме уште неколку активности, кои ќе се однесуваат на инсфраструктурата на сите здравствени установи“, потенцираше министерот Филипче.

За потсетување, во месец септември, годинава се пушти во употреба новиот Кардиоваскуларен центар во оваа болница. Исто така, во 2019 година се финализираше инсталацијата на нов линеарен акцелератор. Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања. Апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска