Филипче од Струмица: ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата

Од:

„Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача Венко Филипче на собирот на младите социјалдемократи во Струмица.

„Младите и членовите на СДСМ се тие што во најтешки моменти ја држеа цврсто црвената линија на демократијата. Денес, повторно дојде време за исправување“ – рече Филипче.

Тој предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, во партизација, непотизам и злоупотреби додека граѓаните, особено младите, сè повеќе чувствуваат дека иднината им се одзема.

„Нашата задача е јасна – да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта, и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата“ – рече Филипче.

Во таа мисија, потенцираше Филипче, централна улога имаат младите социјалдемократи и ангажираното членство.

„Нивната енергија на терен, во секое маало, во секое семејство, е она што ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние што замолкнале. Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати државата во рацете на народот“ – порача Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Филипче на Конференција за проширувањето на ЕУ во Унгарија

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари