Филипче: Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец, сметките стануваат неподносливи

Од:

Денеска, заедно со потпретседателката Кристина Костова се сретнав со членовите и граѓани во Штип, објави пред малку претседателот на СДСМ, Венко Филипче на својот ФБ профил.

„Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец, сметките стануваат неподносливи, а платите остануваат исти или едвај се поместуваат. Луѓето се чувствуваат оставени сами, заборавени од оние што ветуваа дека ќе донесат промени.

За неполна година, оваа власт успеа да ја изгуби врската со реалноста. Наместо резултати, гледаме замајување, но и луксузирања на грбот на граѓаните. Наместо политика со грижа, гледаме ароганција и бегање од одговорност.

СДСМ ќе се обедини и врати на победничките патеки затоа што оваа Влада не испорача ништо од ветеното. Ќе продолжиме заедно, секој ден, насекаде низ државата, да зборуваме со луѓето, да слушаме, да учиме и да градиме вистинска алтернатива. Благодарам Штип за поддршката“, истакна Филипче во објавата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он