Филипче: Од есен размислуваме само вакцинираните да смеат да посетуваат поголеми настани на затворено

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека почнува подготовката за начинот на функционирање на државата за време на есенските месеци, особено во делот на работата на училиштата и на градинките.

Во тек се и размислувања за воведување одредени рестрикции, како на пример, само луѓе со вакцинален сертификат да можат да посетуваат одредени поголеми настани во затворен простор.

„Размислуваме како ќе можеме да функционираме во есенските месеци. Првичните анализи покажуваат дека прилично висок процент на здравствените работници се веќе вакцинирани, некаде над 85 проценти, ги чекаме бројките и за вработените во училиштата и во градинките, за да можат од есен да почнат да работат нормално“, изјави Филипче.

Тој вели дека кампањата за масовна вакцинација масовно тече, но дека ниту една држава не може да наметне вакцинацијата против коронавирусот да биде задолжителна.

„Согласно анализите ќе почнеме да размислуваме, почнувајќи од есенските месеци, од септември, да воведеме нешто, во смисла вакциналниот сертификат да биде неопходен за да се влезе на некој масовен настан, настан на затворено, но да видиме сега како ќе се одвиваат работите. Ги разгледуваме овие алтернативни решенија, со извесни рестрикции, како на пример влез во кината, културните настани и слично, да можат да ги посетуваат само лица со вакцинален сертификат“, изјави министерот за здравство, додавајќи дека „искрено се надева дека опфатот со вакцинацијата ќе се зголеми“.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси