Филипче од Дојран: Оставивме дела, а не зборови, Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Дојран, истакна дека актуелните градоначалници на СДСМ со дела покажауваат како домаќински и чесно може да се водат општините и порача дека континуитетот и искуството се клучни за напредокот на општина Дојран.

„Над 200 имплементирани проекти, од кои сигурно 15 до 20 капитални, и над 30 милиони евра инвестирани во Дојран за 8 години. Нема лажење – има работа. Затоа, Анго, искрени честитки за твојата посветена, искрена и чесна работа за Дојран,“ изјави д-р Филипче, потенцирајќи дека неговата работа и резултатите ја докажуваат посветеноста на СДСМ кон Дојран и граѓаните.

Филипче нагласи дека СДСМ и понатаму ќе биде двигател на локалниот развој и гаранција за стабилност, чесност и конкретна работа во Дојран.

„Сега ве повикувам да го направиме истото. Да ја оставиме апатијата и разочарувањето што несомнено ја има насекаде, особено после ланските избори, и да покажеме дека веруваме во вредностите и политиките. Да покажеме дека имаме добри кандидати, дека имаме чесни луѓе кои ќе ја продолжат работата за Дојран да продолжи да се развива и да остане омилено, вистинско место во Македонија,“ рече тој.

Лидерот на СДСМ кажа дека кандидатот за градоначалник Ристо Џинев и неговиот тим советници имаат капацитет и знаење да продолжат со проектите за развој на Дојран и ги повика граѓаните масовно да ја поддржат листата на советници на СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ристо Џинев.

„Ристо имаш голем предизвик но сум сигурен дека имаш и знаење и капацитет заедно со тимот којшто ќе го предводи развојот на Дојран, да продолжи и понатаму да се надградува со нови содржини со се што сакаат да бидат жителите не само на Дојран туку и на цела држава, коишто се се почести посетители тука во овој наш туристички бисер“,нагласи д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“ во општина Дојран, која денеска се одржа во општина Дојран.

Би можело да ве интересира

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата