Филипче: Очекуваме нов бран заболени од Ковид-19 на почетокот на есента, кога ќе има и сезонски грип

Од:

Министерството за здравство го прави планот за организација на капацитетите во болницата за новиот бран на коронавирусот, кој се очекува на почетокот на есента, кога се очекува дополнително оптоварување на системот со заболени од сезонскиот грип. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека државата веќе го има искуството и дека може да се справи со следниот предизвик.

„Ние практично го правиме планот, добар дел е направен, за тоа како треба да бидат организирани капацитетите за следните месеци, посебно за почетокот за есента кога сигурно ќе имаме нов бран на заболени, дополнително оптоварување со сезонскиот грип. Веќе сега се престројуваме, научивме што и како треба. Имаме дополнителни капацитети на Инфективната клиника, знаеме како да ја организираме болницата ‘8 Септември’ , а, паралелно на тоа, да нема одлагање на хроничните пациенти кои сега се одложени“, рече Филипче.

Според него, добро е што се разменуваат искуства со другите држави преку Светската здравствена организација, како и постоењето на мобилната апликација „Стоп корона“, која ги евидентира контактите со евентуално заболени лица со коронавирус.

„Сметам дека секоја земја научи, добар е и системот за размена на искуства преку Светската здравствена организација. Следниот предизвик, кој ќе дојде во есенските месеци, сите ќе го менаџираат многу добро, во рамките на нашата стратегија е анализата и проверката на имунитетот преку студијата за серопреваленца,  преку апликацијата преку која можат да се следат контактите кога тоа ќе се утврди, соодветната организација на школи, ресторани и така натаму. Сè она што значи враќање на животот постепено, не нагло, како што било по старо, како и организација на здравствениот систем да биде подготвен за некој следен пик на оваа болест“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник