Филипче: Обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за имотот на мојата сопруга се класични лажни вести

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ги следи обвунувањата од ВМРО-ДПМНЕ кои со денови известуваат за сомнителни тендери и и имот во сопственост на семјеството на неговата сопругата. Вели дека обвинувањата се лажни.

„Ги следам обвинувањата од опозицијата. Можам да кажам дека се класични лажни вети. Дека некој го прател имотот од мојата сопруга уште од 2012/13 година, не сега, внимавајте, не е ништо друго освен создавање лажна слика за којашто практично не знаеме што зборуваме. Тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ, да се зборува за нешто што не е затоа што немаат сериозни аргументи да зборуваат за достугнувањата на Владата, во секторот здравство и така натаму. Нашите достгнувања во секторот ги признаваат и колегите коишто се во ВМРО-ДПМНЕ. Во неофицијална комуникација се извинуваат што мора да ги читаат памфлетите па после тоа да имаме пријателски и добронамерни разговори“, рече министерот Филипче одговарајќи на новинарски прашања по редовното информирање за состојбата со коронавирусот.

Не очекува ништо друго од ВМРО-ДПМНЕ освен лажни вести, лажни обвинувања.

„Ништо не може да се очекува од таква опција којашто не нуди ништо сериозно, за нашата држава. Не постои неврохирург од развиена западноевропска земја којшто крпел глави на повредени лидери на политичка партија заради тоа што некој друг сакал да им го оздеме животот. Такви колеги јас не сум сретнал, а ние тоа го имавме во нашиот Парламент. Таква опција нема да се врати во нашата земја. Тие ќе продолжат и понатаму со лажни вести и обвинувања, смешни се обвинувањата. Ние продолжуваме понатаму со нашите политики“, рече Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот Филипче за местени тендери кои ги добивала фирма сопственост на човек кој истовремено има заеднички имот со семејство на сопругата на министерот.

„Ниту министерството, а ниту пак министерот немаат одговор како тоа семејството на министерот Филипче односно најблиското семејство на неговата сопруга има заеднички имот и инвестиции со човек чија што фирма од министерството за здравство и сите институции под ова министерство има добиено тендери вредни над седум милиони евра!“, рече денес Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски