Филипче: Нов апарат за компјутеризирана томографија на Институтот за радиологија

Од:

Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија Сименс Соматом Го.Уп 64 слајсен. Овој апарат е набавен кон крајот на 2019 година со средства од установата во вредност од 10 милиони денари.

Апаратот за компјутеризирана томографија работи во две смени, со редовно закажани пациенти преку националниот електронски систем „Мој Термин“.

Министерот за здравство Венко Филипче очекува дека со новиот апарат ќе се скрати времетраењето на прегледот, со подобра резолуција на добиените резултати и детекција на најситните промени.

– Инвестираме во човечкиот капитал, набавка на нови лекови, како и нова медицинска опрема за да им овозможиме подобри услови за работа на медицинскиот персонал и квалитетна здравствена заштита на нашите пациенти. Водиме максимална грижа за подобро здравје на пациентите. Во моментот, на Институтот за радиологија се во функција четири апарати за компјутеризирана томографија, со што значително е подобрено функционирањето во оваа јавна здравствена установа, потенцираше Филипче, информираат од прес-службата на Министерството.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска