Филипче: Никој од Бугарија нема право да ги навредува нашите институции

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, кој го нарече премиерот Христијан Мицкоски „северномакедонски премиер“.

Филипче ја оцени изјавата како навредлива и недолична, нагласувајќи дека такви ставови не придонесуваат за добрососедски односи.

– Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги навредува нашите институции. И тоа воопшто не е во духот на добрососедските односи, изјави Филипче.

Тој потсети дека вакви провокации не се новост и дека македонската дипломатија има долгогодишно искуство во справување со слични ситуации. Според него, одговорот не треба да биде со конфронтации, туку со трпелива и решителна дипломатска борба.

– Тоа не бара ниту нервоза, не бара ниту патетика, не бара ниту патетични прес-конференции. Тоа бара сериозна борба. Тоа бара убедување и борба, порача Филипче, додавајќи дека договорите со соседите треба да се користат како основа за градење на стабилни односи, а не да се доведуваат во прашање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски