Филипче: Неопходен е дијалог на сите општествени нивоа и обединување во борбата со коронавирусот

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот. Во таа насока, соопштија од Министерството за здравство, се иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници.

– Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. За оваа цел, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот, вели Филипче

Во контекст на ова, изутрината министерот Филипче се сретна со новиот реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.

– Фетаху во целост се согласува со ова и ја поздравува иницијативата. Тој посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона кризата во земјата, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Беким Сали е новиот министер за здравство

Ана Ололовска

МЗ: Чесно е Димитров да каже дека не присуствуваше на повеќето седници за ковид мерките

Ана Ололовска

Заев: Здравствените работници заслужуваат најголема почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста

Ана Ололовска

Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, навремена реакција спречила експлозија

Ана Ололовска

МЗ: Од јануари ќе се исплаќа месечен надомест за специјализантите кои започнаа со специјализација во септември годинава

Ана Ололовска

Половина милион вакцини ни се донирани, а сме купиле 2,1 милион дози, цената останува тајна

Маја Илиевска-Пачемска