Филипче: Нема судир на интереси во случајот на директорката на Клиниката за гастро и прв човек на Лекарска комора

Од:

Нема судир на интереси во случајот со Калина Гривчева Старделова, која е директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија и прв човек на Лекарската комора, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на прашањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која го праша кога ќе ја смени Гривчева Старделова од директорското место, бидејќи, како што рече, Антикорупциска комисија во нејзиниот случај утврдила дека постои судир на интереси.

Според Филипче, во случајот со Гривчева Старделова нема конфликт на интереси, бидејќи едната работа, директорската, е менаџерска, а во Лекарската комора, претседател мора да е лекар, човек од фелата.

– Дозволете уште еднаш да се консултирам со Државната комисија за спречување на корупција и да ве известам во врска со тоа, рече Филипче.

Тој посочи дека пред еден месец Лекарската комора била примена во Европската организација на лекарски комори, а следната година нашата држава ќе биде домаќин на еден од европските состаноци.

Филипче изрази задоволство од реорганизацијата на интерните клиники, во која учествувала и Гривчева Старделова.

– Директорката беше дел од тимот, кој ја направи таа реорганизација. Сите клиники кои се наоѓаа таму во една зграда беа пренаменети, а нивниот кадар работи со ковид-пациенти. Значајно се зголеми бројот на слободни болнички кревети. Што е доказ дека сериозно спласнува епидемијата кај нас. Од триесетина слободни кревети во изминатите две недели, сега имаме 100 слободни, рече Филипче.

– Професорката активно работеше и во Лекарската комора, беше координатор и на матичните лекари. Имавме бројни состаноци. Активно се залагаше и за носење на законот за лекарска дејност. Моите информации говорат дека конфликт на интереси во тој случај нема, потенцира Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

За Мизрахи, Филипче, Васев и Нухи имаат најголема одговорност за Онкологија: СДСМ ќе бара оставка од неа

Орце Костов

Филипче не знаел дека во 2020 година на Онкологија медицинска сестра крадела цитостатици

Филипче пред заминување: Најмногу жалам што не успеавме да го почнеме новиот клинички центар

Маја Илиевска-Пачемска