Филипче не размислува да поднесе оставка од функцијата

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не размислува да поднесе оставка од функцијата, по последните случувања во партијата и по поразот на СДСМ на локалните избори.

„Не, не размислувам во таа насока“, кратко одговори тој.

Филипче на денешната прес-конференција не сакаше ниту да коментира до каде е истрагата и дали ќе има одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница пред два месеци, кога загинаа 14 лица.

На новинарското прашање дали целата одговорност се сведе на еден продолжен кабел, Филипче изјави: „Тоа е прашање за обвинителството, јас тука немам увид во информациите“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски