Филипче: Направивме многу, но имаме уште многу да направиме

Од:

Направивме многу, но имаме уште многу да направиме. Продолжуваме да работиме посветено на подобрувањето во секоја област: инфраструктурата, опремата, терапијата, персоналот, затоа што само така со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите нас, истакнува министерот за здравство Венко Филипче во новогодишното обраќање.

Поминавме, посочува министерот, период исполнет со многу предизвици, но и со многу успешни проекти кои ни даваат мотивација за да продолжиме уште посилно следната година.

– Од првиот ден на оваа Влада и беше кристално јасно дека по повеќе од деценија запоставување на целокупниот здравствен систем, ќе мора многу да работиме за да го излекуваме и подигнеме на нозе атрофираното здравство, вели Филипче.

Тој на граѓаните им ја честита Новата 2020 година и им посакува пред сѐ, добро здравје, среќна и успешна година.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска