Филипче: На почетокот на идната година нова опрема за болниците, предвидени се и нови вработувања

Од:

Во скоро време се очекува започнување на постапката за набавка на нова опрема за пет болници низ државата, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој ја посети Клиничката болница во Тетово.

Според него, уште на почетокот на 2020 година болниците ќе може таа опрема да ја користат.

– За опремување на Ургентниот центар во Тетово, како и болниците во Струмица, Штип и болницата „Свети Еразмо“ во Охрид сме имале разговори со премиерот Заев и има финансиска поддршка за купување нова опрема. Постапката ќе ја започнеме, а на почеток на следната година ќе биде инсталирана и на располагање, најави Филипче.

Тој истакна дека се работи на тоа што поскоро да профункционира новиот систем за патронажи посети во оддалечените рурални места.

– Дефицитот со кој се соочени рурални далечни места ќе се надминува со имплементирање на мерката за патронажни сервиси. Млади лекари со лиценца ќе бидат дел од здравствените домови како патронажни сервиси и вакцинални пунтови и по принцип на ротации ќе даваат услуги во оддалечените места. Со истиот систем на ротација и ќе фунционираат и мобилни аптеки, сега кога со ослободување од квотите нема да има проблем за испорака на лекови, рече Филипче.

Посочи дека лекари кои сакаат да преминат од приватниот сектор во јавните здравствени установи тоа ќе можат да го направат согласно трендот на одобрување на согласностите за вработување во јавното здравството, каде во изминатите две години се бележат вкупно 5.000 нови вработувања, и додаде дека секоја установа за најмалку 10 отсто го зголемила својот кадровски капацитет.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем