Филипче: На Клиниката за ендокринологија, целосно е реновиран одделот за интензивна нега

Од:

Изминатиот период на Универзитетската клиника за ендокринологија се преземени низа активности за осовременување на постојните капацитети, кои овозможуваат нови стандарди во лекувањето на ендокринолошките болести.

Комплетно се реновирани и опремени интензивната нега, дел од болничкото одделение, собата за изолација, набавени се нови болнички кревети, апарати за мониторинг на виталните функции и континуирано следење на гликемијата за најтешките пациенти со животозагрозувачка состојба.

„За офталмолошкиот кабинет е набавена фундус-камера, биомикроскоп за преглед на предниот очен сегмент, иридокорнеалниот агол и ретина со посебни призми, и апарат за бесконтактно мерење на очен притисок, со што Клиниката за ендокринологија е вклучена во интернационален проект од светски рамки за ран скрининг на компликации од дијабетична ретинопатија.

Воедно, Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес мелитус и други ендокинолошки заболувања.

Паралелно со тоа ги унапредуваме условите за третман на пациентите во јавното здравство, и во оваа насока веќе се унапредени условите на повеќе од 15 клиники“, изјави министерот Филипче.

Во однос на доопремувањето со нова медицинска опрема, набавен е и нов најсовремен ехотомографски апарат за преглед на тироидна жлезда и обновен e офталмолошкиот кабинет, кој е збогатен со нови софистицирани апарати за навремена дијагностика и лекување на офталмолошките компликации на дијабетесот.

„Со сите преземени активности и соработката со Министерството за здравство, значително ќе се унапреди дијагностиката и лекувањето на најтешките ендокринолошки болни, ќе се намали времето на чекање и ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги пружа Клиниката за ендокринологија“, информираше директорката на Универзитетската клиника за ендокринологија, доц. д-р Саша Јовановска Мишевска.

И во иднина, Министерството за здравство ќе продолжи со активностите за подигнување на јавната свест за потребите на пациентите со дијабетес и други ендокринолошки заболувања, преку натамошно осовременување на медицинската опрема и третманот и со обезбедување најсовремена терапија за овие пациенти, што го реализираме во соработка со Клиниката за ендокринологија, со цел значително унапредување на условите за дијагностицирање и третман на овие пациенти.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска