Филипче: Можеби ќе биде потребна и трета доза од вакцината против Ковид-19 или таа ќе стане сезонска

Од:

Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград, Србија ќе биде наш стратешки партнер за идна набавка на вакцини. За оваа соработка денес во Белград разговарале македонскиот министер за здравство Венко Филипче и српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Министерот Филипче повтори дека во овој момент се обезбедени доволно вакцини за да постигне саканиот процент на колективен имунитет, но догвоорот е битен поради непредвидливоста на пандемијата.

„Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Не знаеме како ќе се одвива, треба да се утврди дали ќе треба и трета доза од оваа вакцина или оваа вакцина ќе стане сезонска. Ние сакавме да обезбедиме сигурен и стабилен извор од кој ќе можеме да добиеме вакцини во моментот кога ќе има потреба“, рече министерот Филипче и објасни дека „Торлак“ ќе биде првото место каде што Македонија ќе се обрати за вакцини, доколку има потреба.

Тој се заблагодари за досегашните донирани вакцини од Србија со кои почна имунизацијата кај нас.

„Во знак на балгодарност во периодот од 15 јуни до 15 август, кога спрпските граѓани патуваат и во Македонија и во Грција, ќе бидат ослободени од плаќање патарини“, рече министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска