Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираа и доведоа Скопје во хаос

Од:

Претседателот на СДСМ – Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје до пропаст и го оставија главниот град во државата да тоне во хаос.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност и себичност ги оставија скопјани да тонат во ѓубре и хаос. Градот е вратен назад во развојот. Четири години, Мицкоски и неговата партија го блокираат Град Скопје, а денес се обидуваат да се оправдаат“, рече Филипче.

Во изјавата тој посочи дека за тоа што денес се случува со Скопје директно е одговорен Мицкоски, негова вина е што ниту една мерка и проект за главниот град не се реализираа.

„Поради пропаднатата коалиција со Арсовска и политичкиот инает, Скопје остана без клучни одлуки. По налог на Мицкоски, речиси ниедна мерка, проект или набавка во Град Скопје не беше изгласана. Ова го потврдуваа и советниците на СДСМ кои, и како опозиција, конструктивно ги поддржуваа добрите предлози. Вината е кај Мицкоски”, изјави Филипче.

И на овие локални избори како што кажа Филипче, Мицкоски го нуди Орце Ѓорѓиевски како негов партиски послушник кој ќе работи според желбите на партискиот центар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски