Филипче: Масовната вакцинација ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските, ќе објавиме кога со сигурност ќе бидеме информирани

Од:

Масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општата болница во Кочани.

-Секојдневно во комуникација. Производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството со Ковакс системот, сите тие соочени со тој предизвик, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурни дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме, изјави Филипче.

Оцени дека вакцинацијата на здравствените работници се одвива добро и дека кога таа ќе заврши ќе имаме сериозно висок процент на вакцинирани здравствени работници, особено на оние што работат со ковид пациенти.

-Онаа прва група вакцинирани здравствени работници од 4000 доктори се вакцинираше целосно и таа група се ревакцинира со вакцината на Фајзер. Дополнително со руската вакцина уште 700-800 лекари од 3000 треба да завршат. Буквално во сите болници, ЈЗУ, лаборатории, ПЗУ, матичните лекари, стоматолози…, сите категории здравствени работници се вакцинираат со динамика која самите ЈЗУ ја даваат, односно сите што работат со пациенти заболени од ковид. Вакцинацијата добро се одвива и кога таа ќе заврши ќе имаме сериозен висок процент на вакцинирани здравствени работници посебно оние што работат со ковид. Ќе бидат сите заштитени да можат како најкритична група посебно сега соочувајќи се со овој бран да работат заштитено, истакна министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски