Филипче лично го правел тендерот за модуларната, дал листа со напишана спецификација, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Венко Филипче лично ја направил спецификацијата за изградба на модуларната болница во Тетово, која поради лошите материјали кои биле вградени, а планирани од Филипче, изгоре како кутивче кибрит, а со себе однесе и 14 животи, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Лично Венко Филипче дал готова спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжено за спроведување на набавката, велат нашите извори. Одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред ОЈО изјавува, цитирам: „Сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика.“ Ова е исказ на лицето кое Венко Филипче го има назначено за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници. Очигледно на Филипче не му требал архитект, туку потписник на неговите матни тендери. Венко Филипче е човекот кој е единствено и највисоко одговорен за смртта на 14 живи изгорени луѓе во тетовската модуларна болница, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат