А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Филипче: Комбинираната терапија не се дава на сите пациенти, може да предизвика промени во ритамот на срцето

by А1он25/03/2020 - 18:01576
Share0

Двајца пациенти со коронавирус на Клиниката за инфективни болести се ставени на комбинирана терапија со лековите хидроклор и азитромицин, познат како сумамед, што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Оваа терапија не се дава на сите пациенти, потребно е претходно да се направи кардиолошка анализа (ЕКГ). Значи ако има и најмала промена во ЕКГ-то тогаш оваа терапија е контраиндицирана.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата. Тој апелираше граѓаните да не купуваат на своја рака и да се обидуваат да ги најдат лековите, затоа што таа терапија може да се даде според точна индикација на лекар специјалист.

– Дури и сите дијагностицирани пациенти, дури и со средна и тешка клиничка слика не се погодни за оваа терапија која не е влезена во препораките на самите лекови производителите и упатствата, но се тестира и даваат, бидејќи дале добри резултати кај група пациенти за пет до седум денови, но после детални кардиолошки испитувања. Ако има мали остапувања во ЕКГ-то, кое се гледа при изведување на електрокардиографското испитување на срцето лекот не се дава. Може да предизвика промени во ритамот на срцето и тоа да даде дополнителни компликации. Апелирам луѓето да не помислат да земаат сами ваква терапија, а уште помалку тоа да биде некаква форма на превенција, нагласи Филипче.

Потенцира дека денеска ќе завршат кардиолошките прегледи на сите пациенти кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести после што ќе се утврди на која група пациенти ќе се даде терапијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Истовремено се прави план како тоа да се направи и на лицата кои се на домашно лекување. Таа терапија ќе се дава во болнички услови. Значи нема да им се препишува и да ја примаат дома за што организираме систем на транспорт, додаде Филипче.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео