Филипче: Клиниката за психијатрија со најсовремена опрема за дијагностика при спиење

Од:

Клиниката за психијатрија набави најсовремена опрема за дијагностика при спиење. Опремата се состои од полисомнограф и актиграф, со коишто се следат повеќе физиолошки функции во текот на спиењето, како и во текот на дневно-ноќниот ритам. Со софтверска анализа на добиените резултати, а во соработка со проф. Кнегиња Рихтер Соколовска од Клиниката во Нирнберг, Германија, се спроведуваат соодветни дијагностички и терапевтски процедури.

Воведувањето на оваа дијагностичка процедура е новина во психијатриските институции во земјата и во соработка со ФЗО достапна е за сите пациенти.

-Покрај оваа современа опрема, во изминатиот период на Клиниката за психијатрија се направени многу позитивни промени во однос на опремување и реновирање на капацитетите, но и нови вработувања и зголемувања на тимот. Во изминатите две години се реализирани и вработувања на сите нивоа, вработени се пет лекари, двајца психолози, три медицински сестри, како и три други вработувања. Клиниката досега располагаше со околу 80 вработени, а со голем обем и интензитет на работат, затоа овие вработувања значително ќе придонесат за подобра и поефективна нега на пациентите. Во овој период Клиниката за психијатрија е целосно реновирана со нова опрема и мебел за пациентите и амбулантите. Комплетно се реновирани и опремени болничките соби за третман на хоспитализирани пациенти. Инсталирана е дигитализација на објектот, како и климатизација на сите простории. Целосно е реновиран и амбулантскиот дел и кровот на зградата. Со сето ова во голема мера е подобрена целосната состојба на клиниката, изјави министерот Филипче.

Воведени се и неколку нови методи за дијагностика и третман, нови дигитализирани табли за психолошки тестирања за когнитивни проценки и соодветни психотерапевтски процедури. Обновен е апаратот за транс-кранијална магнетна стимулација, набавен е тестот „ТОВА“ за дијагностика на состојбата на вниманието и хиперактивност кај деца и возрасни, а воведени се и дијагностички процедури таргетирани за деменции.

Отворени се неколку нови кабинети – за снимање на состојбата при спиење, за ментално здравје на жени во перинатален период, кабинет за деменција. Наскоро ќе почне да работи и кабинетот за телемедицина (телепсихијатрија), како и за невробиофидбек и за психомоторна реедукација.

Сите спроведени активности се дел од планираните активности според Националната стратегија и акцискиот план за ментално здравје, која беше подготвена од Националната комисија за ментално здравје, номинирана од Министерот за здравство, а која е усвоена од Владата на СРМ за периодот 2018-2025. Со вие документи се даде структура на реформа на системот за ментално здравје во РСМ, според современите текови и препораки како од Светската здравствена организација, така и од сите релевантни интернационални институции и експерти.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска