Филипче-Клајн: Зајакнување на соработката со Австрија во областа на здравството

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со австриската министерка за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачи, Беате Хартингер-Клајн информирал за успешната реализација на заедничкиот проект на МЗ и МТСП за промовирање на првиот сервис за домашна посета, што успешно функционира во Кочани и Ресен, а наскоро и во Битола.

– Проектот е поддржан од програмата за општинско корисна работа на УНДП – програма која има за цел да овозможи социјално вклучување на невработените лица преку нивно ангажирање на определено време за стекнување одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Новата услуга е реализирана од два мултидисциплинарни тима составени од медицински сестри и социјални работници кои секојдневно посетуваат по неколку домаќинства, со цел основна здравствена и социјална грижа во домашни услови, се вели во соопштението од МЗ.

Оттаму информираат дека на средбата биле споменати повеќе мерки за унапредување на здравствената заштита и статусот на здравствените работници.

– Продолжуваме со интензивна соработка со Владата на Австрија, со која имаме одлични релации во областа на здравството. Во следниот период, ќе ја унапредиме соработката и во делот на изградба на нов Клинички Центар во Скопје, велат од Министерството.

Филипче и Хартингер-Клајн дискутирале и за интензивната соработка од потпишувањето на Меморандумот за соработка, како и за тековните реформи, дигитализацијата во здравствениот сектор и заедничките активности што произлегуваат од соработката со Република Австрија.

По средбата, министерот Филипче и австриската министерка Хартингер-Клајн, ја посетија Општата Градска болница „8 Септември“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски