Филипче: Ќе се укине дозволата за влез со една доза, во ресторани и на настани ќе се бара комплетна вакцинација

Од:

Експертите за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица кои примиле само една доза од вакцината за заштита од Ковид–19. Влезот ќе биде дозволен само за комплетно вакцинирани лица. Министерот за здравство Венко Филипче, денес најави дека оваа мерка ќе почне да се применува откако ќе биде оставен доволен период за граѓаните да ја комплетираат вакцинацијата.

„Експертите за имунизација имаат работни состаноци, во некој период, а ќе се остави најмалку еден месец, како критериум за јавни настани ќе биде потребно граѓаните да се целосно имунизирани. Тоа ќе се воведе по соодветна анализа на бројот на имунизирани граѓани со една доза и анализа на потребниот период за втора доза“, рече министерот Филипче.

Целта и на ваквото заострување на мерките, министерот Филипче вели дека е што поголем број граѓани да се вакцинираат.

Мерката само вакцинирани со барем една доза да можат да влегуваат во ресторани, на јавни настани и во трговски центри стапи на сила на 16 август.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски