Филипче: Ќе се смени Законот за здравство за специјалистите да доаѓаат каде треба

Од:

Во собраниска процедура е измената во Законот за здравствена заштита со која дозволуваме лекари да може да прават систем на ротации во институции во кои нема регистрирано дејност, што досега беше забрането, изјави министерот за здравство Венко Филипче при денешниот престој во прилепската градска болница „Борка Талески каде се донираше санитетско возило од турската агенција Тика.

Филипче ова го посочи во одговор на новинарско прашање зошто во Прилепската болница не функционира одделението за Уво, нос и грло и зашто нема специјалисти.

-Доколку нема лекари од една специјалност во некоја болница или во здравствен дом, заради што таа дејност досега не можела да се извршува, сега лекарите од одредена специјалност од клиниките, ќе може да доаѓаат во одредени градови каде нема такви специјалисти, правејќи ја услугата достапна до пациентите. Наместо пациентите да патуваат во големите болници или во Скопје, сега експертите ќе доаѓаат каде е потребно. Очекуваме дека Собранието ќе го изгласа овој дел на промена на Законот за здравствена заштита, рече Филипче.

Тој категорично потврди дека досега нема пријавено изнуда или рекет во здравството.

-Немам таква информација досега. Таква поплака не стигнала до Министерството за здравство, ниту, пак, лично до мене, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска