Филипче ќе бара заострување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19

Од:

На попладневната седница министерот за здравство најави дека од Владата ќе побара заострување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Заострувањето е поради регистрирано непочитување на мерките посебно во одредени делови од земјата.

„Имаме податоци дека често мерките не се почитуваат. Денес ќе предложам заострување на мерките во деловите каде што е регистрирано непочитување. Дозволете за тоа да информираме по седницата“, рече министерот Филипче.

На прашањето дали размислува за карантин во Скопје министерот рече дека треба да се искористат сите можности што се овозможени со прогласувањето на вонредната состојба.

Бројот на заразени од коронавирус кај нас се искачи на 70 лица, а очекувано е и понатаму да расте.

„Знам дека ова го смени животот на граѓаните и дека не е лесно да се биде во изолација. Токму таа изолација е спасот и начинот да се стави крај на ширењето на инфекцијата. Во оваа битка сме сите и тука нема простор за добивање политички поени“, рече Филипче.

Тестирања за коронавирусот се вршат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, но и во болницата „Жан Митрев“. Двете лаборатории, како што рече министерот, се обединети.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски