Филипче: Капацитетот на возилата на Итната медицинска помош е зголемен за 150 отсто

Од:

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче и директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски, беа во посета на Службата за итна медицинска помош во Поликлиниката Букурешт.

Тие разговараа и се информираа за работата на целиот тим во однос на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат при транспортот на пациенти, а пред сѐ со пациентите кои се дијагностицирани со вирусот.

„Капацитетот на оваа служба е значајно зголемен во однос на тоа што беше пред 3 години. Сега има практично зголемен капацитет од над 100%-150% – од 7 сега близу 20 функционални возила. Околу 9 екипи се цело време активни на терен. Според најавата на матичните лекари се прави и координација соодветна, а сега ние договоривме нов начин, модул на координација помеѓу службата за итна медицинска помош, матичните лекари и главните болници каде се хоспитализираат пациентите болни од ковид 19 вирусот, а тоа е болницата 8ми Септември, Инфективната клиника и болницата во Козле“, истакна министерот Филипче.

Во изјавата за медиуми, тој рече дека доаѓа летен период, каде вообичаено се зголемуваат повиците кон Службата за итна медицинска помош.

„Овие вработени здравствени работници тука, докторите, медицинските сестри, возачите се едни од првите во борбата со овој голем здравствен предизвик и навистина заслужуваат големи пофалби за нивната макотрпна, многучасовна секојдневна работа. Тие се влезени и во бројот на здравствени работници коишто ќе добијат соодветна награда за нивната работа во смисла на зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем“, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска