Филипче: Кај децата од Гевгелија утврдена вирусна инфекција која не е поврзана со Ковид

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека кај децата од Гевгелија со симптоми на респираторна инфекција е утврдена обична вирусна инфекција, која нема никаква поврзаност со Ковид-19 посочувајќи дека e утврдено оти ниту едно од педесетте деца немало антитела на коронавирусот.

Филипче потенцира дека зголемениот број случаи е резултат на разбудениот имунолошки систем по изолацијата за време на пандемијата.

– Станува збор за вирусна инфекција, тоа што сакавме да потврдиме односно исклучиме е тоа дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали имаат антитела и дали во изминатава година го поминале ковидот асимптоматски. И тоа не е случај. Ниту едно дете нема антитела за прележан ковид и вториот момент кој се испитуваше беќе зошто сега во толкава бројка и во еден регион. Но, по информацијата дека има зголемена бројка на деца и во болницата во Козле, очигледно дека имуниот систем сега на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани дома и сега децата доаѓаат во контакт со предизивикувачи и на тој начин реагира имуниот систем. Значи нема никаков простор за паника, битно е дека нема никаква врска со ковидот, со имунитет, реакција, така да е обична вирусна инфекција, рече Филипче при посетата на Клиниката за неврохирургија.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски