Филипче: Јавниот здравствен сектор е отворен за секој кој сака да се врати не само за тимот кој замина

Од:

Јавниот здравствен сектор е отворен за секој кој сака да се врати, не само за кардиохирурзите, односно за тимот кој замина. Сега се прават интервенции таму каде ја има експертизата. И двете приватни болници имаат договори согласно кои може да прават такви интервенции. Каде и да се прават такви интервенции Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие трошоците, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека иднината за развој на нашиот здравствен систем е во искористување и имплементирање такви модели при што може да се искористи и приватниот капитал.

На прашање кој оперира сега во Клиниката Жан Митрев рече дека таа здравствена установа има договор со кардиохирузи од Србија,

– Беа дојдени кардиохирурзи од Бугарија кои сакаат да направат договор со двете болници. Мислам дека од стручна гледна точка тоа прашање е затворено, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по презентирањето на проект во рамки на кој од денеска 15 волонтери-водичи кои ги ангажира Црвениот крст ќе им помагаат на пациентите полесно да се снајдат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска