Филипче: Ја добивме првата битка со коронавирусот, враќањето во нормала ќе се одвива постепено

Од:

Враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно. За да помогнеме, во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме трите правила: често миење и дезинфицирање раце, одржување најмалку два метра растојание и носење заштитна опрема (маска, марама, шал), напиша на својот ФБ-профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој сподели и видео за поддршка на здравствените работници кои се во првите редови во борбата со коронавирусот.

Ја добивме првата битка со коронавирусот, посочува Филипче и додава дека само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски