Филипче: ИЈЗ спроведува прашалник – Увид во однесувањето за КОВИД-19

Од:

Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот, напиша денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Одговорите, посочува министерот, ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус.

Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, потенцира Филипче и го објави линкот до прашалникот.

Би можело да ве интересира

Водата во Струга не е исправна за пиење

ИЈЗ отстрани 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

Андоновска: Доколку продолжи растот на грипот, второто полугодие може да се одложи

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

ИЈЗ: Само во „Димо Хаџи Димов“ се најдени патогени бактерии

Горан Наумовски

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин