Филипче: Гинекологија Чаир и болниците во Куманово и Струмица наскоро ќе се греат на гас

Од:

Уште во текот на минатата година преземавме одредени чекори за промена на системот на греење во повеќе јавни здравствени установи. Ставивме приоритет на Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир, како и на општите болници во Куманово и Струмица, поради тоа што е подготвена околната инфраструктура за гасификација.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека проектите се готови, влегле во планот за јавни набавки и ќе почнат да се реализираат како приоритет токму во овие три јавни здравствени установи.

– Се надевам дека толку колку што трае тендерската постапка и сите законски рокови ќе поминат без никаков проблем и за скоро време, веќе за следната грејна сезона сите овие објекти ќе бидат подготвени да се греат на гас, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред настанот посветен на потребата од развивање интегрирани услуги за здравствена и долгорочна нега, што се одржа во организација на Европскиот центар за социјална политика и истражување.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска