Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во ИЈЗ

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за јавно здравје. Околу 40 студенти се вклучени во овој проект и освен во Институтот за јавно здравје, тие се ангажирани и во Државниот санитарен инспекторат и во Центарот за јавно здравје во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во наредните недели, како што се посочува, согласно потребите дополнителен број студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје низ земјава. Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациети.

-Пронаоѓањето на контактите и нивна изолација е ден од најголемите предизвици со кој непрекинато се соочуваме. И за ова ни е потребна помош. Учеството на студентите е непроценливо голем придонес сега и во периодот кој ќе следи. Од друга страна, овие работни задачи ќе им понудат на студентите непроценливо искуство во сферата на епидемиологијата и јавното здравје. Студентите се вклучија во овој проект по средбата на министерот со деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, Соња Топузовска на која беше договорено ангажманот да трае шест месеци, а студентите освен што ќе стекнат искуство, на овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска