Филипче ги отфрла обвинувањата дека разрешувањето на директорот на ЦЈЗ-Скопје е политичко

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли обвинувањата на разрешениот в.д директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери дека неговото разрешување е политичко поради неговата роднинска врска со кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери.

Министерот филипче потенцира дека Зибери е разрешен поради тоа што пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести.

– Разрешувањето следи по неговата изјава во однос на работата на Комисијата, со што сметам дека го поткопа угледот на нејзините членови, кои во целиов овој изминат период се раководеа според професионални принципи. Одлуките кои ги носеа беа исклучително врз основа на медицинската наука – епидемилогијата. И сметам дека никој не смее да политизира и да добива политички поени на такво едно сензитивно прашање. Во целиот овој изминат период, кога целокуипниот здравствен систем е посветен на проблемите кои произлегуваат од кризата со Ковид-19 имаше и дурги разрешувања. Тројца директори беа разрешени. Овој е четврти. Нема да дозволам никој да ја политизира стручната работа на Комисијата, да поентира политички оти овие луѓе секојдневно без прекин работат четири месеци со цел да се заштити здравјето на граѓаните, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска