Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.

Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 8 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.

Од СДСМ информираат дека Централната изборна комисија го потврдила и го затворила Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден. Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 5.4.2025 година.

Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, претходно беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Филипче за лидер беше избран во јуни минатата година на вонредните избори кои СДСМ ги организираше по оставката на Димитар Ковачевски.

Сите детални информации, одлуки, правилници, роковници и останати документи поврзани со внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се достапни на веб страната на СДСМ.

СДСМ информираа дека информацијата за резултатот ќе го соопштат денеска по завршување на процесот на гласањето.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он