Филипче: Досега ниту едно дете од скринингот во училиштата не е позитивно на Ковид-19

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека верува дека до крајот на неделава ќе се истестираат за Ковид-19 околу 500 деца, имајќи ја предвид динамиката со која пристигнуваат согласностите од родителите.

– Се тестираат деца во средните училишта во Скопје и во повеќе основни училишта во повеќе градови. Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак. Но, да почекаме се уште е рано. Тие родители кои не даваат согласност се оди на алтернатива на друго дете во класот согласно методологијата. Досега некаков отпор нема, не верувам дека ќе има. Апелирам да се свесни родителите дека со земање обичен брис не е никаков ризик и како метода многу ќе научиме за ситуацијата со епидемијата кај нас, рече Филипче.

Во врска со скринингот за хронично болните, посочи дека за скринингот разговараат со претставници на Светската здравствена организација и ќе ги вклучат и тие експерти и тоа ќе трае подолго време.

– Не е тоа анализа што може да ја завршиме за кратко време, ниту пак може нешто да научиме за кратко време. Сепак е тоа анализа на ситуацијата во однос на хроничните болести кај сите граѓани во нашата земја, така што тоа е процес што ќе започне и веројатно ќе трае повеќе месеци, истакна Филипче.

Во однос на постковид пациентите, појасни, има пациенти кои доаѓаат со различни симптоми што се манифестираат со срцеви или белодробни манифестации.

– Клиниката за пулмологија е таа што е референтна да ги прима, анализира, соодветно третира доколку треба постковид пациентите. Нема некој значаен наплив на пациенти, нема притисок кон Клиниката за пулмологија. Меѓутоа, има пациенти кои се јавуваат за преглед, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска