Филипче: До крајот на летото би можеле да стекнеме колективен имунитет

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека до крајот на летото во земјава може да биде постигнат процент на имунизирани лица за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет, односно оти дотогаш би можеле да бидат вакцинирани околу 600 илјади граѓани, што, како што истакна е 50 проценти од популацијата планирана за вакцинација.

– Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо.

Тој додаде дека се уште не се знае како ќе влијаат мутациите на коронавирусот, но нагласи дека искуствата од другите држави, вклучувајќи ја и Кина, покажуваат оти вакцините се многу важен фактор во борбата против пандемијата и дека спречуваат тешки форми на болеста.

Министерот за здравство вели дека со оглед на тоа што до крајот на месецов ќе стасаат 500 илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“, како и поголеми дози вакцини Фајзер ќе може да се вакцинираат по 15 до дваесет илјади граѓани на ден. Вакцините следниот понеделник ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација.

Филипче апелираше граѓаните кои се заиантересирани да се пријавуваат на сајтот за вакцинација, бидејќи, нагласи тоа е наједноставниот и најефикасниот начин да се планира процесот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски