Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

Од:

За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Кисела Вода.

„Гледам дека Мицкоски сака да кажува басни на митинзите. А зошто раскажува басни? Затоа што тој нема што друго да каже. Четири години ја имаа речиси целата локална власт, и година и пол централната власт“, рече Филипче.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фалеа со инвестициите на СДСМ, отвораа патишта кои беа веќе завршени.

„Прашањето е едноставно- може ли Мицкоски да наброи две целосно свои инвестиции? Единственото со што се пофалија беа проекти што СДСМ ги донесе до 98%, 99% реализација. Тие само ја сечеа лентата. Отвораа странски инвестиции по трет, четврти пат. Во Штип одеа по три пати во фабриките, ни кажуваат работниците се смееле. Отвораат улици и патишта што веќе беа завршени. Да не се проектите на СДСМ – Мицкоски нема ни каде да се слика“, рече Филипче.

Во обраќањето на граѓанската трибина Филипче укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт економијата е на колена.

„Ова е реалноста. Ова е сликата за ВМРО-ДПМНЕ и нивната власт. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе. А граѓаните остануваат без иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он