Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оддаде почит на одбележувањето на годишнината од смртта на првиот претседател на државата, Киро Глигоров.

„Денеска се сеќаваме и оддаваме почит на првиот претседател, Киро Глигоров. Неговите вредности и државничките одлуки оставија траен белег во нашето општество и претставуваат патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата.

Претседателот Глигоров е симбол на мудрост и визионерство, и неслучајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочуваше со предизвиците на независноста, тој направи историски чекори кои беа важни за иднината на државата. Глигоров веруваше во силата на дијалогот и помирувањето – вредности кои се подеднакво важни и денес, кога треба да продолжиме да работиме на заедничката иднина на државата.

Ние, како генерација, сме должни да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Вечна му слава“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Горан Наумовски

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он