Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Од:

Со одбележување на Денот на албанската азбука ја потврдуваме нашата заедничка определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноликост, што претставува непроценливо богатство на Северна Македонија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во честитката по повод Денот на албанската азбука.

Тој потсети на историското значење на овој ден потсетувајќи дека на денешен ден 1908 година во Битола завршил Конгресот на кој се создала стандардизирана албанска азбука, што се смета за еден од најзначајните моменти во историјата на албанскиот народ и нашата заедничка историја.

„Јазикот не е само средство за комуникација, туку и основен столб на идентитетот, културата и правата на секој народ. Почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество. Да градиме мостови на разбирање и соработка, каде што секој јазик и култура ќе имаат свое место и ќе придонесат за заедничкиот просперитет,“ рече Филипче.

На крај, тој упати честитки до сите:

„Нека е честит Денот на албанската азбука! Gëzuar Ditën e Alfabetit të Gjuhës Shqipe!“ заклучи Филипче.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он