Филипче: Да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на социјалните мрежи изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од КОВИД-19.

– Изразувам искрено сочуство до семејството и најблиските на пациентката која почина од КОВИД-19. Денеска е трагичен ден за сите нас – коронавирусот ја зема и првата жрвта во нашата земја. Се работи за 57-годишна жена од Куманово, која докторите и покрај своите максимални напори не успеаа да ја спасат, пишува Филипче на својот фејсбук профил.

Министерот за здравство изразува надеж дека сите граѓани ќе ја разберат сзериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.

-Се надевам дека по овој трагичен случај сите граѓани, до еден, конечно ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме. Здравствените работници, Владата и сите државни служби прават сѐ во своја моќ да помогнат и ги преземаат сите потребни чекори. Но, сега, како никогаш досега, ни треба помош и од секој од вас. Апелирам повторно, да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи, напиша министерот за здравство на фејсбук.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски